Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Освојувачот на турнирот, РК Шампион тргна со победа и во првото пролетно коло од Јуниор лигата, Кисела Вода и Ново Лисиче ги поделија бодовите
(ФОТО) Освојувачот на турнирот, РК Шампион тргна со победа и во првото пролетно коло од Јуниор лигата, Кисела Вода и Ново Лисиче ги поделија бодовите

(ФОТО) Освојувачот на турнирот, РК Шампион тргна со победа и во првото пролетно коло од Јуниор лигата, Кисела Вода и Ново Лисиче ги поделија бодовите

Денес продолжија натпреварите од првото пролетно коло во ракометната “Јуниор“ лига. Во С.Р.Ц Кале први со натпревари стартуваа девојките кај генерација родени 2002/03 година. Стартна победа забележа екипата на РК Шампион, додека дуелот помеѓу Кисела Вода и Ново Лисиче заврши со нерешен резултат.

РК Опш.Кисела Вода и Ново Лисиче во еден интересен натпревар на крајот ги поделија бодовите. Во првите пет минути се играше гол за гол, кога резултатот беше израмнет на 2:2. Од тој период следи серија на Ново Лисиче од 0:3 за прв пат да имаат три голови разлика 2:5. До крајот на првиот дел го задржаа водството и на одмор се замина со резултат 3:6. Веднаш на стартот на второто полувреме екипата на Кисела Вода го намали резултатот на 5:6. Во следните минути гледаме и ново израмнување на  натпреварот на 7:7. До крајот на натпреварот, Ново Лисиче имаше водство од еден гол но веднаш Киссела Вода го израмнуваше резултатот. На крајот мечот заврши со нерешен резултат и поделба на бодовите, со конечни 10:10. Кај Кисела Вода, Александра Миленковска постигна 4 голови, додека кај Ново Лисиче најефикасна беше Кристина Георгиева со 5 погодоци.

vardarfans-rk-sampion

РК Шампион како освојувач на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов„ тргна со победа и во пролетниот дел на Јуниор лигата. Тие денес за противник ја имаа екипата на РК Кастратовиќ која ја совладаа со резултат 16:19. Избраничките на Лина Треноска одлично го започнаа натпреварот и по пет минути игра имаа водство од 0:4. Конечно прв погодок постигнува и РК Кастратовиќ за намалување на резултатот. Како одминуваше првото полувреме, РК Шампион ја зголемуваше предноста. Во овој дел од мечот нивната игра беше сигурна и изгледаше дека нема да имаат поголеми проблеми за да ги освојат бодовите. Така беше и на полувреме кога резултатот гласеше 7:12 во нивна корист.

vardarfans-igra

Во првите десет минути од второто полувреме, тимот на Шампион го одржуваше ова водство, кога резултатот на семафорот беше 11:16. Сепак за да гледаме неизвесна завршница се погрижија ракометарките на Дамовска кои со серија од пет последователни голови стигнаа до израмнување на резултатот. Дури имаа и напад за прво водство, но не го искористија. Во последните три минути, РК Шампион постигна три гола, напротив РК Кастратовиќ кој не дде ни еден, па конечниот резултат гласеше 16:19. Ања Урбан постигна 4 голови кај РК Кастратовиќ, додека кај победникот прв стрелец беше Мила Филипова со 9 голови.

16832034_1250702291643281_6893114150756949239_n vardarfans-naslovna