ФК Вардар враќа дефанзивец од позајмица. Се работи за Иван Мицевски кој е роден 2002 година и кој има запишано настапи за првиот тим на Вардар, а беше и стандарден играч во младинскиот тим на ,,црвено – црните”.
Младиот Мицевски оваа полусезона беше во тимот на Осогово каде имаше значајна улога и постигна три гола. Тој доаѓа во Вардар да ја засили стоперската позиција и да конкурира за настап каде играат искусните Мишковски, Стојанов и Стојковски.
Во текот на следните денови очекуваме уште еден повратник во Вардар, а неговото презиме е исто така Мицевски.