Иако сеуште не е официјално потврдено, сепак дознаваме дека тимот по кратка пауза повторно ќе замине во топлата Анталија и таму ќе ги има главните подготовки пред стартот на пролетната полуетапа.
Секако дека овој пат Вардар нема да биде во Анталија како минатите сезони кога тимот остануваме и над 20 дена, но сепак тимот ќе има добри услови за тренинг и подготовка пред стартот на втората полуепата од шампионатот.
Вардар во Анталија секако дека ќе одигра и квалитетни пријателски средби, а ќе ги воигра и новите засилувања. Планот и програмата кога ќе се замине за Анталија, ќе биде познато во текот на следните неколку денови.