Кај дамите останува за одигрување само последното 14.коло во сениорската ракометна лига. Во нашата Група-Б се е решено, понатака покрај нашиот ЖРК Вардар кој како апсолутен лидер ќе ја заврши сезоната во групата-Б и ќе пренесе максимален број бодови (4.бода) во плеј-офот на пролет, минуваат тимовите на Металург, Ѓорче и Стружанка.
Со последниот од нив играме во Струга, за двата тима оваа средба нема никакво резултатско значење па така има речиси ревијален карактер. Натпреварот против Стружанка од ова последно, 14.коло во женската лига за оваа есен ќе се игра во сабота, 25.декември. Дуелот е закажан со почеток во 12-30 часот.