Денес и официјално прв одработен тренинг како нов шеф на стручниот штаб имаше поранешниот Спортски директор, сега нов тренер на Фк Вардар Гоце Седлоски.
Седлоски добро ги познава играчите, во минатото некој играчи соработуваа заедно со новиот шеф на стручниот штаб. Седлоски рече: Вардар има квалитетна екипа, и цели на сите три трофеи оваа сезона.
Денешниот тренинг заврши, утре вардарци ќе имаат по два тренинга, наутро и попладне.
Првиот официјален меч за Седлоски ќе биде на 9-ти август против шкупи.
Инаку црногорецот Милиќ си замина од клубот, Вардар тргнува по нов напаѓач.
Фото: fkvardar.mk