Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Голем европски предизвик за Вардар ,кој како победник на мак.куп обезбеди учевство на НБЦ купот во Австрија
КУГЛАЊЕ! Голем европски предизвик за Вардар ,кој како победник на мак.куп обезбеди  учевство на НБЦ купот во Австрија

КУГЛАЊЕ! Голем европски предизвик за Вардар ,кој како победник на мак.куп обезбеди учевство на НБЦ купот во Австрија

Црвено – црните годинава се закитија покрај  вицешампионскиот пехар и со титулата шампиони во Купот на Македонија во куглање . Истата титула им даде шанса да учевствуваат на европски турнир како шампиони на нашиот куп. Ова е голем успех за КК Вардар. Нашиот кугларски колектив после една година функционирање во ваков формат успееа да игра на европски турнир.

Кугларскиот клуб Вардар го закажа терминот на почеток на подготовките за новата сезона 2015-2016.
Иако се планираше тренажниот процес да  почне на крајот на Август, поради прифатената апликација од светската кугларска федерација и обезбедниот настап на Вардар во НБЦ купот во октомври во Австрија, вардарци ќе започнат со тренинзи од 06.08.2015 како би имале добар период од 2 месеци за влегување во натпреварувачка форма.

На НБЦ купот во Австрија Вардар го очекува дуел со над 24 екипи од кои некои се и поранешни европски шампиони. Сепак тоа е само мотив повеќе за црвено-црните да го покажат својот квалитет и како дебитанти да ги изненадат фаворитите.