Вечерва во Македонскиот народен театар (МНТ), фудбалската федерација на Македонија ги додели признанијата за најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2016/17.
Поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски е прогласен за најдобар тренер, додека Спировски е најдобар играч во македонскиот фудбал во годината која полека изминува. Стефан Спировски две и пол сезони го носеше црвено-црниот дрес, забележувајќи вкупно 66 настапи за Вардар. Тој го напушти клубот на крајот на месец август и потпиша за тимот на Ференцварош во првенството на Унгарија. Гоце Седлоски пак е најдобар тренер во Македонија, тој со Вардар беше три пати шампион на Македонија. После поразот во двомечот со Копенхаген, тој беше заменет со Чеде Јаневски кој моментално го предводи нашиот шампион.