Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Триумфи на ЖРК Вардар и Вардар Јуниор во Супер лигата! Победи над екипите од Пелагонија, Пелистер и Деспина
Триумфи на ЖРК Вардар и Вардар Јуниор во Супер лигата! Победи над  екипите од Пелагонија,   Пелистер и Деспина

Триумфи на ЖРК Вардар и Вардар Јуниор во Супер лигата! Победи над екипите од Пелагонија, Пелистер и Деспина

Двете сениорски екипи на женскиот ракометен колектив Вардар денес одиграа дуели во женската Супер лига, и двата наши тима дојдоа до победа со своите ривали.  Двете екипи гостуваа во Пелагонија,  избраничките на Дибирова се сретнаа  со екипата на ЖРК Пелистер во Битола,  младите вардарки од Вардар Јуниор беа  гостинки на ЖРК Деспина тим кој доаѓа од градот Прилеп.

Првиот тим дојде до нова, десета победа во лигата во исто толку одиграни дуели досега со која има максимални 30бода. Црвено-црните дојдоа до победа со резултат  39-23 (16-19), во дуел во кој ние настапивме со комбиниран тим. На натпреварот одигран во салата “Младост“ во Битола први стрелеци беа  Керамичиева Теодора и Сара Ристовска со по  9 гола, Хмирова Татјана постигна 7 погодови. Записник од овој дуел погледнете- тука! 

Младиот тим предводен од Симе Симовски гостуваше кај екипата од Прилеп, ЖРК Деспина и дојде до триумф со својот ривал. Тие имаа триумфираа со пресврт во вторите 30минути, откако на одмор заминаа со негатива од два гола. На полувреме на дуелот во салата при СОУ Ристер Ристески-Ричко во Прилеп нашите дами губеа со 15-13, со добра игра во вториот дел успеаа да победат со “плус пет“ 25-30.  Кај нас блесна Гичевска Леонида која постигна 12 гола, а Николиќ Милица впиша 7 погодоци. Записник од овој дуел може да погледнете -тука!