Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор минимално поразен од Металург-2 во “малото дерби“ кое се одигра во “Кале“
Вардар јуниор минимално поразен од Металург-2 во “малото дерби“ кое се одигра во “Кале“

Вардар јуниор минимално поразен од Металург-2 во “малото дерби“ кое се одигра во “Кале“

 Викендов на програмата во машката Супер лига беше  11.коло, во истото младиот тим на РК Вардар Јуниор  во улога на   домаќин во спортскиот центар “Кале“ во Скопје ја пречека  екипата на РК Металург-2 од скопската населба Автокоманда. Момците на Стојан Петрушевски во еден дуел со многу жар, борба и надигрување беа минимално поразени со еден гол, 27-28 (13-14)

q2

Мечот почна со игра гол за гол на двете страни, сино-белите по 5.минути играа имаа минимална предност 2-3 на овој дуел. Мечот беше полн со дуели, цврста игра и борбеност од двете страни на почетокот. Во 8.минута иако без играч поради исклучување успеавме да изедначиме на 3-3. Гостинот успеа да направи серија 0-3 со која се одлепи на 3-6 во 11.минута од овој суперлигашки дуел. На нашиот гол блесна Кизиќ Никола па тоа го искористивме во атак, со серија 4-1  изедначивме на 7-7 точно на среднината од првиот дел на самиот крај на 15.минута од овој прв дел. Во следните пет минути гостите од Автокоманда успеаа да постигнат двојно повеќе голови од нас, па поведоа со 9-11 во 20.минута по што Стојан Петрушевски повика тајм-аут.  Во следните минути се играше игра гол за гол, двата млади колектива постигнаа по три гола во противничките мрежи па на 12-14 во 27.минута. Во последните три минути на нашиот гол повторно Кизиќ бранеше се, ние во напад успеавме да погодиме еднаш иако имавме неколку обида. Па на полувреме заминавме со минимална негатива 13-14.

q3

q4

Вториот дел почна со три последователни погодоци на гостинскиот тим, по кои тие поведоа со 13-17 во 5.минута од вториот период. Веднаш Стојан Петрушевски побара тајм-аут за да ја прекине серијата на сино-белите. Се играше потоа гол за гол, противникот ја одржуваше својата преност и водеше со 16-19 во 38.минута.  Во последната четвртина од дуелот влеговме со иста негатива, на семафорот во Спортскиот центар “Кале“ стоеше 19-22 во корис на РК Металург-2.  Заигравме поангажирано во продолжение и намаливме на 22-23 во 49.минута со голот од пенал на Трпчевски Стефан. Во нападот Металург беше сопрен од Никола Кизиќ, тоа во напад од втор обид успеавме да го искористиме и да изедначиме на 23-23 во 54.минута. Следеа по два брзи гола па во последните 5.минути влеговме со 25-25 на семафорот и напад на гостинот кој доби “подарок“ седмерец и го искористи за 25-26. Гостинот беше поумешен и во финишот успеа да ја зачува предноста, тие триумфираа со минимални 27-28 на овој натпревар.

Кај нас најдобар стрелец беше Трпчевски со 7 гола, а Димов имаше 5 погодоци, голманот Кизиќ забележа 19 одбрани.