Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинското ракометно дерби помеѓу Пелистер и Вардар заврши без победник
Младинското ракометно дерби помеѓу Пелистер и Вардар заврши без победник

Младинското ракометно дерби помеѓу Пелистер и Вардар заврши без победник

Младинците на Пелистер и Вардар ремизираа во младинското ракометно дерби, кое денес се одигра во Битола. Резултатот на овој натпревар гласеше 29:29.

Пелистер подобро го отвори натпреварот кога во неколку наврати имаше предност од два, а највисоката беше три голови разлика за домашниот тим од Битола. Беше во првите минути 2:0, па 3:1, 6:3 и 7:4, за избраниците на Чивлачки и Грчевски да постигнат три последователни голови и да го израмнат резултатот на 7:7, што беше и прво израмнување на овој интересен дуел. Во следните пет минути следиме игра гол за гол, се до моментот кога при водство на Пелистер од 9:8, црвено-црните со нова серија од 0:3 за прв пат имаат предност од два гола разлика (9:11). Од тој момент па се до крајот на првото полувреме нашите младинци имаа постојано водство кое се движеше од 1-2 гола разлика. Така по истекот на првите 30 минути, Вардар заминува на одмор со предност од 16:18.

Со гол го отворивме и второто полувреме кога стигнавме до највисоки три гола разлика (16:19), но кратко траше оваа стекната предност, со оглеед дека во следните пет минути, противникот направи серија од 4:1 и по подолго време нови ново израмнување од 20:20. Се играше цврсто на двете страни и Пелистер и Вардар ја посакуваа победата. Ниту еден од двата тима во продолжение од мечот не можеа да се одлепат на погоелма разлика од два гола, но Вардар беше многу поблску до триумфот, кога на четири минути пред крај имаше водство од 26:28. Беше и 27:29, но Пелистер ги постигна последните два гола во финишот и на крајот се избори за бод на овој дерби натпревар (29:29). Големи судиски неправди на штета на Вардар го одбележаа овој дерби меч во младинската лига.

Ова беше прв нерешен резултат за младинците на Вардар во рамките на групата 1. Ален Ќосевски постигна 8 голови, додека Христијан Милошевски беше стрелец на 7 погодоци.

РК Вардар: Милошески, Ангелкоски, Миланов, Ќосески 8, Милошески 7, Митески, Крстевски, Петкоски, Олтовски 2, Бикоски 2, Тушев, Мисаилески 2, Несторовски 1, Ѓорѓиев 1, Нанов 5, Мицаноски 1,