ФК Вардар продолжува да ги ”гази” своите противници во ПМФЛ. Оваа пролет ФК Вардар на седум првенствени натпревари има седум победи, без ниту еден пораз или нерешен резултат. Прв на ”менито” на ФК Вардар оваа пролет беше тимот на Ренова, овој дуел нашите играчи го добија убедливо со 4-1, потоа следуваше победа против Турново нагости со 1-0, па следен на ”менито” на црвено – црните беше тимот на Брегалница, штипјани дома си заминаа со четири ”парчиња” во својата мрежа. Потоа следуваа и победи против Младост ЦД во Охрид oд 3-0, Металург дома со 2-1, и последните две најтешко издвојувани против Слога на Чаир со резултат 1-0, и вчерашната против градскиот ривал Работнички, исто така со минимален резултат од 1-0.
Следуваат уште два натпревари за Вардар оној викендов против Силекс во Кратово, и следниот викенд дома во дербито на ПМФЛ, против тимот на Шкендија. Се надеваме дека пред почетокот на плеј – офот ќе имаме високи осум бодови предност пред Шкендија на табелата.