Вчерашната победа против Работнички донесе нов белег во историјата на овој најтрофеен фудбалски клуб во земјава. ФК Вардар со победата над градскиот ривал, дојде до 900. првенствена победа во историјата. Низ бројките ФК Вардар до 900 победи стигна на овој начин:
Во поранешна Југославија, нашиот тим победил на 335 натпревари во првата, а на 156 во втората југословенска лига. По независноста на Македонија, Вардар до овој дуел имаше забележано победи на 408 натпревари, што прави вкупно 899, со денешната да бидат 900 натпревари.
Му посакуваме на ФК Вардар во иднина уште многу победи да прославува во својата историја.