Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лејно: Сакам трофеј во Л.Ш со Вардар, затоа сум уште во Скопје
Лејно: Сакам трофеј во Л.Ш со Вардар, затоа сум уште во Скопје

Лејно: Сакам трофеј во Л.Ш со Вардар, затоа сум уште во Скопје

Херојот на црвено-црните на средбата  со Ларвик французинката  Амандин Лејно даде  интервју за ЕХФ. Во истото таа кажа дека  сака да ја освои Л.Ш со Вардар, покрај ова  ги искажа и  нејзините лични гледишта и емоции и појасни како и тоа зошто остана во нашиот тим. Таа за одличната партија со Ларвик  се најде во иделните три ѕвезди на колото, а подоцна стигна и информација дека е  номинирана за голман на сезоната во ЛШ. Се тоа ќе треба да се круниса овој викенд кога во реваншот и ќе гостуваме и ќе треба да го визираме  пласманот на Ф-4 завршниот турнирот во Будимпешта.

Пред натпреварот не очекував дека ќе оствариме толку висока победа, но среќна сум што мојот тим демонстрира супериорност. Сега иако играме на нивен терен се надевам дека ќе победиме. Сигурна сум дека нема да биде лесно, а фактот дека победивме со 14 разлика дома не значи ништо. Никогаш не е лесно да играте во Норвешка, но се надевам дека уште еднаш ќе го покажеме најдоброто од нас и ќе докажеме дека Вардар е тим кој заслужува место во Ф4.

Лејно го искажа својот став за променливата форма на тимот и својата од почетокот на сезоната и значајното подобрување во вториот дел од истата. Таа го искажа своето мислење и за нејзиното останување и мотивите за истото. Покрај тоа ги соопшти и очекувањето од продолжението на сезоната во Л.Ш.

Мислам дека од почетокот на сезоната бевме малку под стрес, бидејќи не игравме добро, но времето поминуваше и едноставно ја подобривме нашата форма. Тоа е точка во сезоната кога морате да напредувате и тоа ни се слуи нам. Мојата форма исто така е подобрена, бидејќи моите соиграчи се сѐ подобри во одбрана и тоа ме прави среќна. Тука сум долго време и, едноставно, се навикнав на Скопје. Го сакам овој тим и го обожувам овој град. Двапати учествуваме на Ф4-турнирите и  успеавме со малку да направиме голем успех, но сѐ уште не сме го достигнале највисокото место на подиумот во Будимпешта. Сѐ уште мислам дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите бидејќи нашиот тим е навистина добар, а јас многу сакам да го достигнам тоа во Вардар. Кога ќе почнам нешто сакам да го довршам и затоа сакам да го освојам трофејот со овој тим.

Популарната Дуду зборува за сите услови кој ги имаат за работа црвено-црните девојки на располагање за подготвување за големите и тешки европски предизвици, Таа дава свој суд и за тоа како Вардар фунционира како екипа, тим и целина и што тоа ги поврзува нив толку силно во еден тим.

Овде ги имаме сите услови, одлично е кога ги имате сите можни средства и објекти на едно место. Пред да дојдам овде играв многу натпревари во домашното првенство и темпото беше тешко, но со сите натпревари константно ја одржувате формата. Овде немаме толку многу натпревари, но мислам дека напредокот е во мојата глава, бидејќи сега имам повеќе време да размислувам за сѐ. Можеби грешам, но овој тим веќе неколку години игра заедно и конечно веќе се чувствуваме една со друга на теренот и конекцијата меѓу нас е подобра од кога било. Затоа мислам дека ова е факторот кој ќе нѐ однесе понатаму. Секој би сакал да биде во тим како Вардар. Добро е што идната сезона ќе ни се приклучат добри играчи. Имаме микс на многу култури и тоа ќе е позитивно за нас. 

Доколку сакате оргиналното цело интервју на Лејно може да го прочитате ТУКА