Денес нашиот дом нашето Скопје ја одбележува 53-годишнината од катастрофалниот земјотрес, кој се случи на 26 јули 1963 година, а во кој животите ги загубија 1070 луѓе и 3000 беа повредени. Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на денешен ден во 1963 година, во 5:17 часот. Во потресот, кој беше со јачина од 9 девет степени по Меркалиевата или шест според Рихтеровата скала, со епицентар на плоштадот Македонија, беа урнати речиси 16.000 станови, околу 28.000 беа оштетени, а повеќе од 200.000 лица останаа без покрив над глава.Скопската трагедија предизвика вознемиреност и шок во целиот свет, кој истовремено искажа и голема солидарност и ангажираност во справувањето со последиците од земјотресот. Хуманитарните организации во светот почнаа со собирање помош за настраданиот град, а Скопје стана град на светската солидарност.
На овој жален ден за нашиот град треба да се напомене и големината на ФК Вардар кој до таа 1963 година играл во црвено-бела комбинација на дресови, поради овој настан фудбалскиот клуб Вардар ја заменил белата со црна боја на својте дресови, како почит на загинатите сограѓани. Вардар е единствениот клуб во светот со ваков чекор на почит кон жртвите на одредена трагедија. Одтогаш па се до вечноста нашите бои ќе бидат црвено-црни.
Поплави, земјотреси Скопје го рушеле, Скопје пак се изгради, Скопје ќе живее…