Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шест генерации на ФК Вардар ќе се натпреваруваат на турнирот „Пирин Куп Сандански 2020“
Шест генерации на ФК Вардар ќе се натпреваруваат на турнирот „Пирин Куп Сандански 2020“

Шест генерации на ФК Вардар ќе се натпреваруваат на турнирот „Пирин Куп Сандански 2020“

Шест генерации на фудбалскиот клуб Вардар ќе земат учество на силниот меѓународен турнир во Бугарија, „Пирин Куп Сандански 2020“.

Први кои ќе земат учество на турнирот е генерацијата родени 2005 година на Вардар, кои ќе настапат во периодот од 2-6 февруари. Натпреварите за генерацијата 2005 ќе бидат во времетраење од две полувремиња по 30 минути, со пауза од пет минути.

Во периодот од 7-11 февруари ќе се натпреваруваат генерациите 2007 и 2008 на Вардар. Кај генерацијата 2007 ќе се играат две полувремиња по 30 минути, со 10+1 играчи на теренот, додека кај генерацијата 2008, две полувремиња по 25 минути, со 8+1 играчи на теренот.

Последни кои ќе настапат на овој турнир ќе бидат генерациите 2004, 2006 и 2009 на Вардар. Турнирот за овие генерации е предвиден да се одигра во периодот од 12-16 февруари. Мечевите за генерацијата 2004 ќе бидат во две полувремиња по 35 минути, за генерацијата 2006 по 30 минути, додека генерацијата 2009 ќе игра во две полувремиња по 20 минути. Кај генерациите 2004 и 2006 ќе се игра со 10+1 на теренот, додека кај генерацијата 2009 со 6+1 играчи на теренот.