Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар – Црвена Звезда, низ директен пренос на Арена Спорт 1
Вардар – Црвена Звезда, низ директен пренос на Арена Спорт 1

Вардар – Црвена Звезда, низ директен пренос на Арена Спорт 1

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Вардар, утре ќе го одигра и четвртиот пријателски натпревар на зимските подготовки во Анталија, Турција. Утре Вардарци ќе имаат уште еден тежок натпревар пред себе, затоа што на мегдан” излегуваат со Црвена Звезда, екипа која важи за еден од најдобрите тимови во овој момент на Балканот.

За радост на сите симпатизери на Вардар и фудбалот, овој натпревар ќе оди и низ директен ТВ пренос на Арена Спорт 1. Исто така, сите оние кои немаат Арена Спорт, ќе можат натпреварот да го проследат низ одличен видео стрим.

Дуелот на овие две екипи е предвидено да започне со почеток од 15 часот и 30 минути. Останува да видиме како ќе се покаже нашиот тим против екипата на Дејан Станковиќ.