Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шест младински екипи на ФК Вардар во претстојниве три дена ги играат првите натпревари од 1/4 на националниот куп
Шест младински екипи на ФК Вардар во претстојниве три дена ги играат првите натпревари од 1/4 на националниот куп

Шест младински екипи на ФК Вардар во претстојниве три дена ги играат првите натпревари од 1/4 на националниот куп

Наредниве три дена, дури шест младински екипи на фудбалскиот клуб Вардар ќе ги одиграат своите први натпревари во рамките на четврфиналето од купот на Македнија.

Први кои ќе стартуваат со четврфиналните мечеви се генерацијата “2004“ кои денес гостуваат во Куманово, на екипата на Милано, натпревар кој ќе започне од 11 часот. Веќе еднаш и тоа во рамките на седмото коло во регионалната лига, избраниците на Кралевски го совладаа истиов противник и тоа на теренот на Академијата, убедливо со резултат од 5:0. Во осминафиналето, Вардарци ги елиминираа врсниците од Пелистер.

После слабите резултати во првенството на пионерите каде имаат само две победи, единствена утеха за спас на сезоната оваа генерација родени “2001“ година ќе гледаат во купот на Македонија. Во осминафиналето нашите пионери беа слободни и без пречка ја поминаа оваа рунда во националниот куп. Сепак за да се стигне до полуфиналето ќе биде и повеќе од тешко со оглед дека за противник го имаме тимот на Македонија Ѓ.П, истата екипа која пред два дена не совлада убедливо и тоа на наш терен, во рамките на деветтото првенствено коло. Овој меч го загубивме убедливо со резултат од 0:4, па останува да се види како ќе реагираат избраниците на Тодоровски на ова гостување, во пресрет на првиот четврфинален меч од купот на Македонија кој се игра во среда со почеток од 10 часот на теренот во Ѓорче.

Помладите пионери се наоѓаат во победнички ритам и во добра форма го очекуваат првиот натпревар од 1/4 на купот. Противник за избраниците на Рап-Тап ќе биде екипата на Еуроспорт од Куманово. Пом. пионери се лидери во првенството, каде по 9 одиграни кола имаат дури 8 победи и само 1 нерешен резултат, а последен кој настрада во првенството беше екипата на Македонија Ѓ.П, која ја совладавме убедливо со резултат од 5:1. Се очекува уште на првиот натпревар кој се игра на домашен терен, закажан за во четврток со почеток од 10 часот да се стекнеме со добар резултат, кој би ни ја олеснил работата на реваншот во Куманово.

Генерацијата “2003“ ќе има шанса за поправен “испит“ во дуелот со Шкендија, од која загуби во минатото коло од регионалната-скопска лига (1:2). Истава екипа ќе биде противник за избраниците на “Чунга Лунга“ во рамките на четврфиналето од купот на Македонија. Првиот натпревар е закажан за во среда и тоа на теренот на академијата, со почеток од 10 часот.

Шкендија ќе биде противник во оваа рунда од националниот куп и за кадетите и младинците на ФК Вардар. Со екипата од Тетово веќе еднаш ги одмеривме силите сезоната, кога се сретнавме во 3 коло од првенството. Тогаш гостувавме во Тетово, каде кадетите ремизираа (1:1), додека младинците беа поразени (4:2). Натпреварот на кадетските екипи е закажан за во среда со почеток од 12 часот на гостински терен, додека младинците се домаќини на првиот четврфинален меч, кој на програмата е во четврток со старт од 12:30 часот.