По пауза од една недела се враќаат натпреварите од женската лига на шампионите. Европскиот вицешампион, екипата на ЖРК Вардар во сабота на домашен терен ја пречекува екипата на Ларвик. По тој повод клубот во четврток со почеток од 12 часот во прес-конференциската сала на С.Ц. Јане Сандански ќе одржи прес-конференција на која ќе ги сподели очекувањата за натпреварот од четвртото коло во групатаЦ, против екипата на Ларвик.
По три одиграни кола, Вардарки се наоѓаат на првото место на табелата, со максимален број на освоени бодови.