Во рамки на 4.коло во Македонската кугларска лига, вчера Вардар одигра натпревар со екипата на Кугларскиот клуб 18-ти Август. Нашите момци триумфираа во натпреварот со “фенерџијата“ во МКЛ кој се одигра во кугланата “ВИП“ при Спортскиот центар “Борис Трајковски“ во Скопје со 2-6.
Во сетови црвено-црните избраници на Драги Димтровски победија со 8:16. Нашиот ривал имаше екипен скор од 3202, а нашите момци соборија 3292 “дрва“. По првиот пар поведовме со 2-0, откако Миле Димовски капитенот на Вардар и Коста Ристевски забележаа победи. Во вториот пар дебитираше Влатко Гиевски за Вардар тој настапи во пар со M.Згонц. По овој пар поведовме со 3-1, Згонц однесе победа, а дебитантот изгуби поен. Во третиот и последен пар настапија Георг Поп Крстев и Стојановски Влатко. Првот однесе победа, вториот за едно “дрво“ беше поразен. Сепак одличната игра како колектив ни донесе триумф со високи 6-2 на овој натпревар.
Со ова победа стигнавме до три трумфи од четири меча со што сме најсериозен кандидат за вице-првак оваа сезона, што е и наша првчина цел.