Дуелот помеѓу европскиот првал Вардар и бундеслигашот Рајн Некар во рамките од групната фаза од лигата на шампионите е закажан за 18 ноември 2017 година, а со цел сите заинтересирани навреме да купат билети, истите се веќе пуштени во продажба веќе една недела.
Продажбата на билетите за натпреварот Вардар – Рајн Некар ќе се врши преку продажната мрежа на ТикетПлус, како и онлајн на www.ticketplus.mk.
Цената на билетите за овој натпревар е:
Трибина – 350 денари
Стоење – 150 денари
Имателите на Вардар ПАС и сезонска картичка на РК Вардар можат да присустуваат на овој натпревар само со приложување на картичките на влезот од СЦ „Јане Сандански”.
Повеќе информации можете да добиете на:
телефон: + 389 2 2401 980
e-mail: info@ticketplus.mk