Македонската фудбалска репрезентација до 17 години се наоѓа во Малта, каде во текот на вчерашниот ден го одигра првиот од серијата контролни мечеви со селекцијата на Малта.
Првиот дуел помеѓу овие репрезентации заврши без голови 0:0. Настап забележаа сите шест играчи од фудбалскиот клуб Вардар, кои се во Малта со селекцијата која ја предводи Марио Вујовиќ. Во стартниот состав единствено беше само Александар Ѓурковски, додека како течеше натпреварот шанса добија и останатите вардарци. Се работи за Анатолиј Петејчук, Леонид Игнатов, Филип Андоновски, Фисник Салиу и Азер Оемрагиќ, кои добија минутажа на првиот пријателски натпревар.
Вториот дуел со соодветната домашна селекција на програмата е во текот на утрешниот ден, додека до крајот на претстојот во оваа земја, ќе одиграме контролен дуел и со две години повозрасната репрезентација на Малта.