Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Во сабота, кадетите и младинците на ФК Вардар ја започнуваат новата сезона, противник е тимот на Македонија Ѓ.П
Во сабота, кадетите  и младинците на ФК Вардар ја започнуваат новата сезона, противник е тимот на Македонија Ѓ.П

Во сабота, кадетите и младинците на ФК Вардар ја започнуваат новата сезона, противник е тимот на Македонија Ѓ.П

Во сабота стартува сезоната во првенството на младинските фудбалски категории. Активни ќе бидат само кадетите и младинците на ФК Вардар, додека првото коло за пионерските екипи е одложено поради настапот на македонската репрезентација до 17 години, која се наоѓа на подготвителен период во Малта.

Екипата на Македонија Ѓ.П е првиот противник за нашите младински екипи. Натпреварите ќе се одиграат во сабота на теренот во населбата Јане Сандански, со почеток од 10 и 12 часот. Минатата сезона, кадетите и младинците на Вардар завршија на второто место на првенствената табела, така оваа сезона се надеваме дека ќе одиме едно скалило погоре и ќе се обидеме да стигнеме до шампионската титула.

Кадетите ќе бидат предводени од Златко Таневски, додека тренер на младинците е Ане Андовски. Квалитетот и домашниот терен се на страната на вардарци, кои се надеваме дека ќе имаат добар старт и со три бодови на своето конто ќе ја започнат новата натпреварувачка сезона.