Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Македонија загуби од Србија, шест играчи од Вардар настапија на овој прв контролен дуел
Македонија загуби од Србија, шест играчи од Вардар настапија на овој прв контролен дуел

Македонија загуби од Србија, шест играчи од Вардар настапија на овој прв контролен дуел

Во текот на вчерашниот ден се одигра првиот онтролен натпревар на фудбалските репрезентации на Македонија и Србија до 18 години.

На тренинг центарот „Петар Милошевски“ поуспешни во првиот дуел беше селекцијата на Србија, која славеше минимално со резултат 0:1, со погодок во второто полувреме. Во стартниот состав на селекторот Арслани се најдоа и тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот, Кристијан Китановски, потоа Виктор Крстевски и Азер Омерагиќ.

Во второто полувреме во игра влегоа уште и Дамјан Трајановски, Александар Ѓурковски и Анатолиј Петејчук. Токму нововлезениот Трајановски ја имаше најдобрата прилика за Македонија, кога голманот на противникот со одлична одбрана спаси израмнување.

Вториот меч меѓу селекциите на Македонија и Србија до 18 години ќе се одигра в четврток, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток во 11:00 часот.