Во Првата Женска кошаркарска лига викендов се одигра 5.коло, но црвено-црните дами на Жаклина Стојановска имаат еден неодигран дуел. Станува збор за мечот од изминатото, 4.коло кој не е одигран поради репрезентативни обврски на дел од вардарките.
Денес ќе бидеме домаќини на екипата на Пробаскет Академија. Ние сме убедлив фаворит на оваа средба, ривалот има половичен успех досега односно две победи и два порази, ние сме максимални со четири успеси. Со денешниот евентуален триумф ќе завладееме со лидерското место на табелата. Дуелот помеѓу Вардар и гоститиот од Кавадарци ќе се игра во малата сала „Кале“ и е закажан со почеток во 17-00 часот.