Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > ТАБЕЛИ !! Три победи и еден пораз за младинските екипи на ФК Вардар во дуелите со Шкендија
ТАБЕЛИ !! Три победи и еден пораз за младинските екипи на ФК Вардар во дуелите со Шкендија

ТАБЕЛИ !! Три победи и еден пораз за младинските екипи на ФК Вардар во дуелите со Шкендија

Три победи и еден пораз за младинските екипи на ФК Вардар во дуелите со Шкендија, во рамките на 11.првенствено коло.

Помладите пионери освоија важни бодови на гостувањето во Тетово, каде успеаа да го победат еден од најголемите конкуренти за трофејот, со резултат 1:3. И после ова коло избраниците на Рап-Тап остануваат единствените кои не се поразени во лигата. Оваа генерација на Вардар има вкупно 27 освоени бодови, три повеќе од тимот на Работнички, односно четири од екипата на Шкендија. Во ова коло, Работнички на домашен терен одигра само 0:0 во дуелот со Шкупи.

2004

Голема победа во Тетово остварија и пионерите на Вардар, кои го совладаа противникот со резултат 2:3. На Шкендија не им помогна ниту осум минути судиско надополнување, па вардарци на крајот ги однесоа бодовите од Тетово. Ова беше деветта победа за момците на Драган Стефановски, кои остануваат на второто место и после ова одиграно коло. Лидер во пионерската супер лига е тимот на Академија Пандев кој има само еден бод повеќе од црвено-црните.

72699741_2560773757523795_5611454014370611200_n

Кадетите на Вардар исто така излегоа како победници, во дуелите со Шкендија. Со двата гола на Игнатов, Вардар славеше триумф со резултат 2:1. После ова коло, Вардар ја намали негативата на само три бода во однос на тетовскиот тим. Вардар е четврти на табелата со 19 освоени бодови, пред нас покрај Шкендија се наоѓаат и екипите на Академија Пандев и Работнички, кои имаат натпревар повеќе од црвено-црните.

2002

Младинците се единствените кои доживеа пораз од екипата на Шкендија, и тоа убедлив со резултат 0:6. На табелата се наоѓаме на 7.место со само 13 освоени бодови. Прв е тимот на Тетово кој има 28 освоени бодови. Вардар има заостанат натпревар против екипата на Победа.

2001