Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во Кратово без Најдовски, Адем и Попзлатанов
Во Кратово без Најдовски, Адем и Попзлатанов

Во Кратово без Најдовски, Адем и Попзлатанов

Тренерот на Вардар, Александар Васоски, се соочува со сериозни проблеми пред утрешното незгодно гостување во Кратово кај тимот на Силекс кој игра во одлична форма во последно време.

На и те како тенкиот ростер, поради акумулирани пет жолти картони утре нема да може да настапат стандардните првотимци Филип Најдовски и Али Адем. Покрај нив, повреден е и Јован Попзлатанов кој нема да биде достапен се чини до дуелот со Шкендија.

Позицијата на Најдовски ќе треба да ја завземе Серафимов или Младеновски, додека пак на местото на Адем се очекува шанса да добие младиот Велковски.

Добра вест е што во ростерот по повредата се врати Џемал Ибиши, кој сеуште не е подготвен за 90. минути.