Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Шест вардарци со повик за настап во селекцијата до 18 години, за контролните дуели со Србија
Шест вардарци со повик за настап во селекцијата до 18 години, за контролните дуели со Србија

Шест вардарци со повик за настап во селекцијата до 18 години, за контролните дуели со Србија

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години на 26 и 28.ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе одигра контролни натпревари со соодветната селекција на Србија.

За овие дуели, селекторот на Македонија, Шкумбин Арслани повика и шест играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот, Кристијан Китановски, потоа Виктор Крстевски, Александар Ѓурковски, Леонид Игнатов, Дамјан Трајановски и  Азер Омерагиќ.