Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Стоимов и Перковски за шестта победа на пом.пионери на ФК Вардар, совладана екипата на А.Пандев
Стоимов и Перковски за шестта победа на пом.пионери на ФК Вардар, совладана екипата на А.Пандев

Стоимов и Перковски за шестта победа на пом.пионери на ФК Вардар, совладана екипата на А.Пандев

Помладите пионери на ФК Вардар се вратија на победите, откако денес на теренот на Академијата во дербито ја победија екипата на Академија Пандев. Ова беше меч од 9. првенствено коло, кое им припадна на вардарци кои славеа со резултат 2:0

Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Павлески, Љушев (c), Јаневски, Ричков, Хајдари, Здравковски, Стоимов, Перковски, Ибраим, Гуџуфи.

Вардар успеа да ги искористи своите шанси во првото полувреме, во кое имаше предност од 2:0. Првиот удар на вардарци заврши во мрежата на Академија Пандев, откако Димитар Стоимов со евро гол од 25 метри го погоди голот на струмичани, топката прво ја зафати стативата, па заврши позади грбот на противничкиот голман. Вардар имаше поголем посед на топка и игра во овој дел од мечот, додека екипата на Академија Пандев имаше само два удари, кои не претставуваа опасност по нашиот гол, односно Стефан Тасев ја собра топката во своите раце. За солидна предност од 2:0 во првите 45 минути се погрижи Теодор Перковски. Голот падна на средината на првото полувреме, кога се играше акција од левата страна, Гуџуфи додаде до Перковски, овој од прва бие, од само неколку метри, голманот на А.Пандев беше немоќен и принуден да ја вади топката по втор пат.

Во второто полувреме, мрежите на двете екипи мируваа. Немаше некоја опасна прилика за погодок во овој дел од мечот. Гостинската екипа се обиде во два наврати, но Стефан Тасев денес не дозволи да биде совладан. Кај Вардар Перковски се обиде со два удари, едниот заврши над голот, додека другиот беше лесна задача за голманот на А.Пандев. Тренерот Тодоровски направи три измени. Во игра влегоа Стојановски, Анчевски и Попов, на местото на Здравковски, Ибраим и Ричков.

Ова беше шестта победа сезонава за помладите пионери на ФК Вардар.