Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Есенската титула на дофат! Пионерките со „лесен тренинг“ високо совладана екипата на РК Драчево
Есенската титула на дофат! Пионерките со „лесен тренинг“ високо совладана екипата на РК Драчево

Есенската титула на дофат! Пионерките со „лесен тренинг“ високо совладана екипата на РК Драчево

Есенската титула е на дофат, пионерките на ЖРК Вардар дојдоа до 7/7 во нивната група по денешната висока победа над Драчево.

3 2

Пионерките на Вардар имаа полесен тренинг, тие лагано го совладаа тимот на РК Драчево. Платон комбинираше со силите, сестрите Коцеви, Сара Стефаноска воопопшто не настапија во поле. Помала минутажа имаа и Коловска и другите стандардни девојки. Почнавме со гол на Миланова Андреа која играше на позицијата среден бек. Отидовме брзо на 9-0, по освоените топки во одбрана или одбраните на Христова и Ѓорѓиевска одевме во позициони напади, не користевме контри. Првиот дел заврши со 13-2, ривалот само 2.пати за 20.минути успеа да ја совлада Леа Христова, ние бевме неколку класи подобри од противникот.

1 3e

Вториот дел започна идентично како и првиот, Миланова Андреа отвори со погодок за 14-2. Следеше серија 4-0, со која поведивме со 18-2, Вероника Ѓорѓиевска набрзина собра 4-5 одбрани. Таа беше во овој период совладана само еднаш во 9.минута од ова полувреме и ниту еднаш потоа.   Ангеловска Теодора беше стрелец за 23-3, во 12.минута од вториот период ние отидовме на 20 позитива. Се беше рутина победивме со 26 гола повеќе, конечните 29-3 ги постави Тошевска Магдалена на 3.секунди до крајот. Ѓорѓиевска одбрани на 10.секунди до крајот, по брза трансформација Тошевска се најде очи во очи со голманот на ривалот стрелајќи одлично за крај.

4 6 8

Две девојки имаа по шест гола: Миланова Андреа Максимовска Натали,  Ангелова Теодора погоди  4 пати, а  Тошевска Магадалена имаше успех во три обиди.