Шампионот на Македонија брои ”ситно” до стартот на летните подготовки. Иако Вардарци својот прв тренинг по освоената титула ќе го имаат за четири дена, иако остануваат уште два дена до закажаните медицински прегледи на играчите, сеуште на полето нови засилувања е мирно. Исто така на играчите на кои им истекоа договорите, сеуште не е познато на кој ќе им бидат понудени нови, а на кој нема да се смета понатаму. Само во овој момент познато е дека Денковски и дефинитивно го напушти Вардар, и замина на проба во Холандија.
Јавноста со нетрпение очекува да чуе некое ново име во редовите на Вардар, кое драстично ќе ја подобри играта пред квалификациите за Лигата на Шампионите. Несомнено, веќе подолго време на Вардар во тимот му недостасува играч кој ќе знае со еден потег да даде погодок, на Вардар исто така му е потребен еден играч на средината на теренот, кој заедно со Фелипе ќе ги “храни” со топки напаѓачите, и дефинитивно на Вардар му е потребен еден крилен играч, кој ќе знае по страна да продре со својата брзина. Дефинитивно на Вардарци им се потребни три нови засилувања: средина на терен, крилен играч и напаѓач. Очекуваме во наредните денови во Вардар да пристигнат и новите имиња. Се споменуваат многу играчи од други земји, останува да видиме кој се ќе успее управата на Вардар да го потпише. Се надеваме дека Вардар ќе добие три квалитетни играчи, на тие три позиции во тимот. Одбраната на Вардар во овој момент е на ”сигурно”, имаме квалитетни голмани, стопери и бекови. Уште од сега е познато кој играчи од одбраната ќе го понесат товарот во квалификациите.