Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Каде ќе се одигра натпреварот со Слога кој значи титула !?
Каде ќе се одигра натпреварот со Слога кој значи титула !?

Каде ќе се одигра натпреварот со Слога кој значи титула !?

Како што е добро познато, ФК Вардар доби два натпревари казна, односно неиграње пред своите гледачи и надвор од својот стадион. Во недела Вардарци треба да го одиграат последниот домашен натпревар за оваа сезона во првата македонска фудбалска лига, на кој треба да освоиме само еден единствен бод за да станеме старо – нови шампиони на Македонија по 10-ти пат во својата историја.

Поради оваа казна Вардар мора да бара ”нов” стадион на кој ќе го одигра овој натпревар, за жал без Вардарови навивачи. Највеќе во изминатиов период се споменуваше теренот во Охрид, но Охрид нема да биде местото каде ќе биде одигран овој натпревар. Се споменува и стадионот во Пробиштип, но очекуваме официјална потврда од клубот во наредните денови. Позитивна вест за сите Вардарови навивачи е тоа што последното коло го играме на ”гостински” терен против ФК Работнички на нашиот најголем стадион во земјава, што значи дека сите љубители на Вардар ќе можат да присуствуваат на тој натпревар.