Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Машките и женските ракометни екипи на Вардар, ги добија противниците во 1/2 од купот на Македонија
Машките и женските ракометни екипи на Вардар, ги добија противниците во 1/2 од купот на Македонија

Машките и женските ракометни екипи на Вардар, ги добија противниците во 1/2 од купот на Македонија

Денес во седиштето на ракометната федерација на Македонија беа извлечени двојките за полуфиналните натпревари од завршниот турнир во купот на Македонија, во машка и женска конкуренција. Ракометните екипи на Вардар ги дознаа своите противници, а познато е дека Вардар и Вардар Јуниор во двете конкуренции обезбедија учество на Ф4 од националниот куп.

Завршниот турнир во машка конкуренција ќе се одигра на 13 и 14-ти мај, а сеуште не е одреден домаќинот на завршниот турнир. Во него ќе се сретнат екипите на Вардар-Охрид и Вардар Јуниор-Металург. РК Вардар кој е најголем фаворит за првото место ќе го брани куп трофејот освоен минатата сезона, додека помладиот тим на Вардар Јуниор ќе се обиде да ја изненади екипата на Металург.

Завршниот турнир на најдобрите четири екипи во женска конкуренција ќе биде одигран на 14 и 15-ти мај. Идентично како кај мажите, така и кај жените, во полуфиналето силите ќе ги одмерат Вардар Јуниор и Металург, додека во другото полуфинале, фаворитот за освојување, ЖРК Вардар за противник ја доби екипата на Куканово. Дополнително ќе биде одреден домаќинот на Ф4 и во женска конклуренција.

Очекуваме нови трофеи од купот за машката и женската екипа на Вардар, а можно е и сестринско финале помеѓу двете екипи на Вардар во женска конкуренција.