Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Шампиони!! Колев и ФК Вардар ген.2008 дојдоа до титула во Детската лига
Шампиони!! Колев и ФК Вардар ген.2008 дојдоа до титула во Детската лига

Шампиони!! Колев и ФК Вардар ген.2008 дојдоа до титула во Детската лига

Во големото финале од Детската лига кај генерација родени 2008, ФК Вардар се сретна со ФК Милано од Куманово. Во еден одличен дуел, црвено-црните дојдоа до титулата откако ја потврдија доминацијата оваа сезона.

61372722_10214447591045766_7404710277582684160_n 61611611_10214447589445726_3995189320452407296_n
Дуелот започна со целосна доминација на Вардар, имавме големи прилики преку капитенот Ненад Дамјаноски, Лука Трпевски и Арти Азизи. Напаѓавме постојано, прашање на време беше кога ќе поведеме. Конечно, преку Азизи отваривме со гол за 1-0. По голот имавме уште две прилики, Стефан Бранковски имаше прилика, потоа Азизи погоди статива по одлична асистенција на Лука Трпевски. Во напад доминиравме, но треба да се потенцира и голманот Грчевски Лука кој беше одличен, но и стоперскиот двоец кој одигра на ниво. Иван Ташевски и Стефан Марковски даваа сигурност цел меч. Противникот се закани, со три одлични одбрани Грчевски не дозволи изедначување. Азизи се обиде во продолжение, но неговиот удар заврши над гредата. Нашата доминација беше наградена во финишот кога Ненад Дамјаноски погоди по одлична асистенција на целиот напад. Топката тргна од Блажевски, потоа учествуваа Трпевски и Бранковски во акцијата. На одмор се замина со предност од 2-0.

61621380_10214447592285797_883397012404305920_n
Во вториот дел лесно го скршивме ривалот, за време на паузата тренерот Колев инсистираше на фајтерски пристап во 2.полувреме. Тоа и се случи и по само две минути со двата прекрасни гола на Стефан Бранковски поведовме со 3-0 и веднаш потоа и со 4-0. По овој момент се беше решено во ова финале. Грчевски фати на фантастичен начин пенал на Милано, во нападот се закануваме преку Бранковски. Колев реши потоа во игра да ја уфрли целата клупа, тоа не резултираше со пад на ритамот, напротив се засили. Напаѓавме и понатаму. Марко Шоторовски погоди за високи 5-0, Киш имаше исто така одлична прилика. Последно за одбележување е одличната одбрана на голманот Јовчев Дарко.

61381528_10214447592365799_1793767063672586240_n
Титулата на крајот дојде со резултат 5-0. Честитки за сите момчиња кои го носат дресот на оваа вардарова генерација и за тренерот Колев Влатко кој дава посебен имплус на овој тим. Голманот Лука Грчевски беше прогласен за најдобар во неговата категорија.

61264971_10214447595525878_4568804025562038272_n 61113911_10214447594765859_3801721736920039424_n