Вардар и овој пат даде многу репрезентативци, па така голем дел од играчите имаа обврски со своите репрезентации овој викенд.
Дарко Велковски одигра 80. минути за Македонија во нерешениот резултат против Азербејџан. Кристијан Тошевски не доби шанса да настапи на овој дуел.
За Ерменија повторно од клупата влезе Тигран Барсегјан во 72. минута, Ховханес Хамбарџумјан не играше на вчерашниот меч повторно.
Тодор Тодороски и Бојан Колевски настапија за селекцијата на Македонија до 19 години, Филип Антовски и Филип Стојчевски останаа на клупата.
Јован Попзлатанов одигра 90. минути за македонската репрезентација до 21 година која беше поразена на гостувањето кај Австрија со 2:0 во квалификациите. Бесар Исени не беше во комбинација за овој натпревар поради акумулирани жолти картони.
Божидар Митревски играше цел натпревар за селекцијата до 17 години која е поразена од Грузија со убедливи 6:1, исто така во последното коло од елитните квалификации за оваа репрезентација.