Вчера со седмата последователна победа за екипата на ЖРК Вардар, на мечевите од регионалната лига нашите девојки дојдоа до титулата во регионалното натпреварување. Тие вчера триумфираа во натпреварот со Крим, а утре играат дуел со тимот на ЖРК Будуќност. Сепак во паузата помеѓу вчерашниот и утрешниот дуел во регионалната лига денес ги очекува меч од домашната лига.
Денес во С.Ц. Јане Сандански ќе се одигра “сестринскиот“ натпревар против тимот на ЖРК Вардар Јуниор. Натпреварот од домашната лига против избраничките на Симе Симовски ќе се одигра со почеток во 15-00 часот. Вардарки со максимални 52 бода по одиграни деветнаесет дуели се на врвот на табелата на женската Супер лига.