Вардарци денес треба да го одржат и својот втор тренинг, на Академијата на клубот.
После заминувањето на Дарко Мицевски и на уште неколку играчи, екипата вчера го назначи новиот капитен кој ќе го води Вардар до крајот на сезоната. Одлуката падна на најискусниот Дејан Блажевски-Шиле кој со своето искуство треба да им помогне на младите играчи.
Блажевски беше дел од генерацијата на Вардар која успеа да испише историја со пласман во групната фаза од Лигата на Европа.