ФК Вардар стигна до уште една победа во ПМФЛ. Вчера нашите момци го надиграа младиот тим на Македонија ЃП и славеа убедлива победа од 4:1. На оваа средба од првата минута настапи и нашиот крилен играч Блажевски кој подолго време мака мачеше со повреда.
Дејан Блажевски не само што настапи од првата минута на овој дуел, туку и погоди по пауза од цели 9 месеци. Блажевски стрелаше прецизно во 56 минута од натпреварот. Исто така овој играч запиша и една асистенција. Се надеваме дека со текот на времето нашиот крилен играч ќе ја подигнува формата во Вардаровиот дрес и ќе постигнува многу погодоци.