Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Да се повтори сезоната пред две години, Вардар го игра можеби најважниот натпревар за првото место по завршување на најсилната група Б

Да се повтори сезоната пред две години, Вардар го игра можеби најважниот натпревар за првото место по завршување на најсилната група Б

Вардарци вечерва во нова “мисија“ во најголемото ракометно натпреварување. Во 19 часот гостуваат на шампионот на најсилната бундес лига, екипата на Рајн-Некар. После победата на Киелце против Загреб, актуелниот европски шампион се врати на првото место на табелата, но црвено-црните имаат можност експресно да се вратат на таа позиција доколку вечерва бидат поуспешни. Рајн-Некар е доста познат противник за нашиот состав, со кој имавме можност во изминативе две сезони во групната фаза. Посебно во сеќавање ќе остане мечот од пред две сезони и гостувањето во Германија, кога успеавме целосно да го надиграме Рајн-Некар и да славиме убедлив триумф (28:35). Истата натпреварувачка сезона триумфиравме и пред својата публика (28:25). Минатата сезона повторно во група се најдовме со денешниот противник каде двете екипи остварија по една победа. Во Скопје, црвено-црните беа посупешни триумфирајќи убедливо со резултат 25:19, додека на реваншот во Германија загубивме минимално (28:27).

Германските екипи му лежат на Вардар.Во сезоната 2012/2013 во рамките на третата рунда, последна пред пласманот во групната фаза на ЕХФ купот, Вардар ги вкрсти силите против Магдебург.За “влакно“ не успеавме да ја оствариме целта во тој двомеч, кој започна со натпревар во Германија, а заврши во “вулканското и пребучно кале“ каде многу силни екипи заминувале со наведнати глави. Следната 2013/2014 сезона, Вардар со новиот сопственик ,господинот Сергеј Самсоненко се пласира директно во Лигата на Шампионите.  Во групната фаза го освоивме четвртото место. Ждрепката за 1/8 дуел повторно не спои со Германски клуб. Овој пат го извлековме тогашниот актуелен европски првак, екипата на Хамбург. Првиот натпревар се играше во Скопје, во арената во Борис Трајковски. Во еден тежок и квалитетен натпревар, на крајот никој не се радуваше на победата. Конечниот резултат гласеше 28:28. Вардарци заминаа во германија со надеж и верба дека можат да приредат изненадување. Во текот на целиот меч имавме постојано водство. Конечниот резултат од 29:30 на семафарот беше зачудувачки и шокантен за домашната публика.Вардар се радуваше, а Хамбург во тој момент го изгуби епитетот “актуелен европски првак“. Нашите играчи добија незаборавен пречек при пристигнувањето,кој започна на аеродромот Велики, а заврши во тврдината Кале.

Емоциите поминаа, се очекуваше следниот противник во 1/4. Повторно мешањето на топчињата го извлекоа Вардар со бундеслигаш. Екипата на Фленсбург беше последната пречка пред Ф4. Резултатот од првиот меч во Фленсбург, ни даде голема надеж дека можеме да испишеме историја. По седум дена следуваше реванш во С.Ц.Борис Трајковски. Салата беше преполна без празно место. Момците на Раул Гонзалес се загреваа за решавачката битка. Натпреварот не започна добро за црвено-црните. По првото полувреме имавме негатива од пет гола , додадени на оние два од Германија.Вкупно седум гола заостанувавме во тие моменти. Кога сите очекуваа дека немаме сила за пресврт и за нешто повеќе, играчите не демантираат во тоа. Понесени од публиката се надминаа себеси, направија целосен пресврт.Цела сала беше подигната на нозе. Флензбург се губи во пеколот што го приредуваа Комити. Вардар во еден момент имаше предност од четири гола, и беше многу блиску до Ф4. Милиќ му фаќа жива топка од седум метри на Егерт, што наидува на воодушевување. Сепак среќата повторно ни го сврте грбот. Гостите беа посреќни во финишот, на крајот тие се радуваа.

Вечерва сите сакаме да се повтори сезоната пред две години, кога убедливо го совладавме противникот на негов терен. Вардар знае како да игра со германски екипи, се надеваме дека денес ќе го демонстрира тоа на вистински начин. Победа на овој меч, ќе значи не само прво место по одигрување на ова коло, туку и зголемување на шансите на истата позиција да се најдеме и по завршување на главната групна фаза.