Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Есмин Личина: Целта останува иста како и минатата сезона, да ја одбраниме титулата во лигата, но не се откажуваме и од купот, каде со сите сили ќе се бориме истиот да го освоиме
Есмин Личина: Целта останува иста како и минатата сезона, да ја одбраниме титулата во лигата, но не се откажуваме и од купот, каде со сите сили ќе се бориме истиот да го освоиме

Есмин Личина: Целта останува иста како и минатата сезона, да ја одбраниме титулата во лигата, но не се откажуваме и од купот, каде со сите сили ќе се бориме истиот да го освоиме

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар со победа го завршија есенскиот дел од сезоната, откако во последното коло убедливо ја победија екипата на Ренова. Нашите надежи се истурија врз “гипсарите“ по поразот од минатато коло против Шкупи и со пет голови во мрежата го испратија противникот дома. Одлична игра во текот на целиот натпревар со константен притисок на противничката половина на крајот ни донесе голема победа. Дури пет различни играчи се запишаа во листата на стрелци, меѓу нив беше и капитенот Есмин Личина, кој за нашиот сајт ги сподели впечатоците од овој триумф како и од изминатата полусезона во младинската лига.

-Натпреварот со Ренова за нас беше последен во есенскиот дел и сакавме со победа да го завршиме овој дел од сезоната. Затоа влеговме максимално мотивирано и со сериозен пристап од првата минута го започнавме натпреварот. Го испочитувавме договореното од соблекувалната и на крајот сосема заслужено ги освоивме трите бода и се вративме на победите. Од играта и резултатот сум задоволен, како и од залагањето на моите соиграчи, кои даваат максиум од своите можности на секој натпревар.

Црвено-црните го завршија првиот дел од сезоната со десет победи и само еден единствен пораз. На табелата завршивме како првопласирани со пет бода повеќе од Шкендија, која има натпревар помалку за одигрување. Исто така обезбедивме пласман во полуфиналето на купот.

-За целата полусезона од 11 натпревари имаме десет победи и само еден пораз и тоа во претпоследното коло од екипата на Шкупи, кај што игравме на доста краток и лош терен. Тоа беше предност за противникот кај што може да се одбранат, а ние не успеавме да искористиме неколку шанси за погодок. Сепак успешно заврши есенскиот дел од сезоната, каде ние сме на првото место на табелата. Целта останува иста како и минатата сезона, да ја одбраниме титулата во лигата, но не се откажуваме и од купот, каде со сите сили ќе се бориме истиот да го освоиме, изјави Личина за нашиот сајт.

Звонко Ивановски