Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Започнува првата лига во кошарка
Започнува првата лига во кошарка

Започнува првата лига во кошарка

Конечно, проблемите се надминати, од овој викенд ќе започнат со натпревари и кошаркарите на Вардар. Вардарци во оваа нова сезона ќе влезат со многу млад тим и без странци. Тимот ќе го предводи младиот тренер Кочов кој во минатото беше шампион со тимот на МЗТ Скопје.

Вардарци иако оваа сезона имаат млад и неискусен тим, сепак, имаат што да кажат во ова првенство. Во првото коло, в сабота нашите момци играат против тимот на КК Струмица. Овој натпревар ќе го одиграме на гостински терен. Вардарци во првите две кола имаат противници по мерка, по овој натпревар, идната недела играме и против тимот на Пелистер на домашен терен.

Двојките за првото коло се:

Струмица Вардар 19.11.16
АВ Охрид Пелистер 19.11.16
Работничкиа Куманово 2009 19.11.16
Кожув Фени Индустри 19.11.16