Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор одигра нерешено со РК Прилеп 30-30 на меч во “Кале“
Вардар јуниор одигра нерешено со РК Прилеп 30-30 на меч во “Кале“

Вардар јуниор одигра нерешено со РК Прилеп 30-30 на меч во “Кале“

Екипите на Вардар Јуниор и РК Прилеп го одиграа вечерва дуел  од Супер лигата. Мечот се играше во  С.р.ц „Кале“. Во еден динамичен дуел  двете екипи одиграа реми, 30:30.

Поведоа гостите од Прилеп со два последователни гола, по кој на семафорот во Кале стоеше 0-2. Избраниците на Стојан Петрушевски одговорија со иста мера, за изедначување 2-2. Потоа игра гол за гол, резултатот постојано се изедначуваше беше 4-4, 5-5, 6-6 па 7-7. Потоа следуваше серија 4-1 на црвено-црните за водство 12-8. Тренерот на гостите Томе Петрески побара тајм-аут за консултација на тимот од Прилеп. Гостите по истиот успеваат полека да ја топат нашата предност и да влезат во финишот на првиот дел со 15-15, сепак ние со гол за 16-15 успеваме со позитива да одиме на одмор.
Како што идеше првиот дел така и вториот се  продолжи играта гол за гол, се до   40 минута кога гостинот  поведе со гол предност, 19-20.  Потоа гостите водеа и со 22-24, на сцена стапи нашиот голман  Филип Ивановски кој се неколку одбрани ни даде прилика да изедначиме на  24:24  на десетина минути пред крајот. Двата тима во продолжение поведуваа и изедначуваа никој не успеа да направи круицијална предност за победа, мечот заврши како што веројатно и беше најреален исход со реми, 30-30. Треба да се напомене дека гостите водеа со 29-30, пред крајот и ние успеавме да извлечеме бод со погодок. Најдобар стрелец во нашиот  тим беше Вујачиќ со 8 гола,  апак  Поповски даде 6 погодоци.