Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Силекс главна подготовка пред Зенит
Силекс главна подготовка пред Зенит

Силекс главна подготовка пред Зенит

Фудбалерите на Вардар утре ќе ја имаат главната подготовка пред историскиот натпревар од првото коло во фудбалската Лига на Европа.

Силекс утре ни доаѓа на гости во Скопје, тим кој оваа сезона ја почна доста добро, по три одиграни кола Кратовчани се наоѓаат на третата позиција на табелата со скор од две побед и еден пораз, оној од Пелистер на домашен терен од 1:4.

Вардар и Силекс во изминатата историја одиграле голем број на натпревари, секако традицијата е на страната на најтрофениот тим во оваа земја. На последните пет дуели на овие две екипи Силекс не се радувал на ниту една победа, три средби ги добил Вардар а две завршиле без победник.

Очекуваме победничката низа на Јаневски да продолжи и на овој натпревар, доколку победи Вардар ова ќе биде петта победа од исто толку натпревари на Чеде на клупата на црвено – црните.