Младинците на ФК Вардар успеа да ја победат екипата на Работнички, во дербито на второто првенствено коло. По неколку резултатски пресврти на крајот нашите надежи успеаа да триумфираат со резултат од 4:2. Стрелци на головите за Вардар беа Колевски, Маркоски, Тодороски и Антовски.
ФК Вардар: Тимевски, Димов, Антовски, Наумчески, Тодороски, Маркоски, Стојчевски, Ибиши, Милковски, Трајчевски, Колевски.
Уште од стартот на натпреварот младинците на Вардар беа подобри на теренот и се обидуваа да постигнат гол. Првиот обид за Вардар го имаше Ибиши кој шутира над голот на Работнички. Прв обид имаше и гостинската екипа, но нивниот удар завршува покрај нашиот гол. Црвено-црните беа поконкретни во своите обиди, следен кај Вардар биеше Трајчевски од голема далечина, но топката оди покрај голот на гостинската екипа. Најголемата шанса во овој дел од мечот ја имаше Бојан Колевски, кој на нафрлена топка од десната страна на Тодоровски биеше само во пречката од противничкиот гол. Во продолжение од мечот имавме обиди преку Трајчевски и Антоски, но немаше промена на резулатот.
Сепак иницијативата вроди со плод, откако Колевски успеа да го матира голманот на Работнички и да донесе водство на Вардар од 1:0. После отварање на резултатот веднаш во следната минута се обиде капитенот Маркоски кој шутира, но брани противничкиот голман. Првото полувреме завршува со предност од 1:0.
Во вториот дел имавме шанса преку капитенот Маркоски кој бие одбрани голманот, на одбиената топка наиде Трајчевски, но уште еднаш голманот на Работнички е поуспешен. Во второто полувреме направивме неколку измени. Од игра излегоа Димов, Ибиши и Стојчевски, додека на терен влегоа Абдулхади, Стојановски и Дишлиевски. По една наша грешка во одбраната, сепак Работнички успеа да го совлада Тимевски и да го израмни резултатот на 1:1. Пад во нашата игра што го искористи гостинската екипа, за втор пат да го совлада нашиот голман и да напрви пресврт од 1:2. Сепак Вардар набрзин успеа да се врати на натпреварот и да направи комплетен резултатски пресврт и тоа само за три минути. Најпрво за 2:2 погодува капитенот Дејан Маркоски, за во следната акција да погоди и бекот Тодор Тодороски за водство на Вардар од 3:2. Точка на натпреварот стави Филип Антовски кој од голема далечина успева да го совлада голманот на Работнички за веќе предност од 4:2. Со овој резултат заврши и натпреварот.
По две одиграни кола, нашите младинци имаат маскимални шест освоени бодови.