Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Вардар го загуби кадетското фудбалско дерби, Работнички со пресврт стигна до победа
Вардар го загуби кадетското фудбалско дерби, Работнички со пресврт стигна до победа

Вардар го загуби кадетското фудбалско дерби, Работнички со пресврт стигна до победа

Денес на теренот во населбата Јане Сандански се одигра кадетското фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Работнички. Подобра беше гостинската екипа, која победи со резултатски пресврт од 1:2. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Милан Благојевиќ.

ФК Вардар: Зибери, Пешевски, Калчиноски, Реџепи, Радевски, Ѓорѓиески, Адем, Андоновски, Дарлишта, Димоски, Благојевиќ.

Првите десет минути од натпреварот поминаа без посериозна шанса, а првиот обид го имаше екипата на Работнички кој со глава бие покрај нашиот гол. Кај Вардар прв кој се закани беше Александар Ѓорѓиески кој се обиде од голема далечина, но неговиот удар заврши над голот. Се играше воглавно на средината на теренот, а првата поконкретна шанса ја имаше Благојевиќ кој беше во дуел со противничкиот дефанзивец се осврти биеше, но одбрани голманот на Работнички. Избраниците на Влатко Колев беа поконкретни и се обидуваа да го пронајдат патот кон противничката мрежа. Обид имаше и репрезентативецот Димоски, но повторно голманот на Работнички е на своето место. Сепак Вардар успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 и тоа со евро гол на Милан Благојевиќ, кој бие од околу 30 метри, топката зафати еден од играчите на Работнички доби друг правец и заврши во противничката мрежа, за водство на Вардар.

vardarfans-radost

Продолжи нашиот состав да напаѓа, а следен кој беше во прилика е Али Адем кој шутира во рацете на голманот на Работнички. Конечно се обиде и противникот кој упатува удар кон нашиот гол, но Зибер успешно го скротува ударот. Вардар имаше голема шанса да го зголеми резултатот, но немавме среќа во завршниот удар кога Благојевиќ беше побрз во дуелот со противничкиот стопер, речиси излезе сам со голманот но крајниот удар завршува за малку покрај голот. Се играше последната минута, кога ние правиме прекршок, по што Работнички доби шанса да изведе слободен удар. За наша несреќа, топката зафати еден од начит играчи, смени правец и заврши во голот на Зибери, за израмнување на резултатот на 1:1. Веднаш судијата отсвири крај на првото полувреме.

21371137_1446872155359626_7444040313887650296_n

Работнички на стартот од второто полувреме имаше одлична шанса да направи резултатски пресврт, но пречката од голот на Зибери беше сојузник на Вардар. Претходно уште еден обид на противникот, но топката завршува покрај голот. Тренерот Колев направи неколку измени, со цел да ја освежи нашата игра. Во игра влегоа Илиевски, Младеновски и Петковски. Вардар ја врати препознатливата игра од првото полувеме и имаше добри обиде преку најновите засилувања, Андоновски и Младеновски. Најпрво Младеновски бие за малку покрај гол, за во следната акција Андоновски да упати незгоден удар, кој со крајни напори го одбрани голманот на Работнички. Повторно по наша грешка примаме гол и повторно “конфузија“ во нашата одбрана. Се создаде мешаница, која ја искористи Работнички, бие еден од нивните играчи повторно топката удира во еден од нашите играчи и завршува во нашата мрежа, за предност на Работнички од 1:2. Најголемата прилика за израмнување ја имавме преку Реџепи, кој бие со глава, но голманот на Работнички го брни ударот. На крајот конечниот резултат беше 1:2. Ова е прв пораз за кадетите на ФК Вардар во новата сезона.