Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на РК Вардар Јуниор ја стартуваат новата сезона со гостување во Неготино
Кадетките на РК Вардар Јуниор ја стартуваат новата сезона со гостување во Неготино

Кадетките на РК Вардар Јуниор ја стартуваат новата сезона со гостување во Неготино

Новата натпреварувачка сезона за кадетките на ракометниот клуб Вардар ќе започне на 23/24 септември, со натпреварот на гостински терен против екипата на Вардар-Неготино. Кадетската лига оваа сезона ќе брои 14 екипи поделени во две групи, составени од по седум екипи. Вардар Јуниор ќе го предводат тренерскиот тандем, Драгана Ристова и Билјана Пецевска, односно тоа е истата генерација која минатата сезона стана шампион во пионерската лига и за малку не обезбеди завршен турнир во кадетската лига. Затоа во новата сезона има можност да биде дел од најдобрите четири екипи, иако треба да се напомене дека оваа екипа е составена од ракометарки родени “2002“ година, која ќе се натпреварува во повозрасна генерација, однсо со екипи составени од играчи кои се родени “2000“ година. Само да потсетиме дека кадетките на РК Вардар беа дел од силен меѓународен турнир во Белград, на кој го освоија првото место и најавија дека оваа сезона ќе атакуваат на највисоката позиција во домашната лига.

Вардар Јуниор ќе биде дел од групата 1 заедно со екипите на : Вардар-Неготино, Бошески Спорт, Делчево Вардар, Велкова 5, Куманово и Овле Поле СУ. Ви го претставуваме распоредот на одигрување натпревари за нашите надежи:

1 коло: Вардар Неготино – Вардар Јуниор  23/24.09

2 коло: слободни

3 коло: Вардар Јуниор – Куманово  07/08.10

4 коло: Овче Поле СУ – Вардар Јуниор  14/15.10

5 коло: Вардар Јуниор – Велкова 5   21/22.10

6 коло: Делчево Вардар – Вардар Јуниор  28/29.10

7 коло: Вардар Јуниор – Бошески Спорт  04/05.11

Составот на кадетките на ракометниот клуб Вардар во сезоната 2017/18 е следниов:

Вардар Јуниор: Симона Грујовска, Јована Трајковска, Сара Миновска, Стефанија Ѓоргиевска, Магдалена Насковска, Андреа Седлоска, Јана Донева, Ана Марија Коларовска, Ана Гонзалез, Марија Галевска, Стефанија Софковска, Ангела Костовиќ, Ангела Гроздановска, Марија Петковска, Ива Јаковчевска, Катерина Дамјановска, Теодора Ѓошевска, Ивана Станчева, Лилија Ивановска, Ангела Цветановска, Ивана Џатевска, и Јана Арсова.