Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > “Чунга Лунга„ и “Игор Кралевски„ дебитираат на клупата на Вардаровите генерации “2003„ и “2004„ во регионалната-скопска лига
“Чунга Лунга„ и “Игор Кралевски„ дебитираат на клупата на Вардаровите генерации “2003„ и “2004„ во регионалната-скопска лига

“Чунга Лунга„ и “Игор Кралевски„ дебитираат на клупата на Вардаровите генерации “2003„ и “2004„ во регионалната-скопска лига

Во недела стартува втората сезона во регионалната скопска фудбалска лига, за генерации родени “2003“ и “2004“ година. Тоа ќе бидат и деби натпревари за новите тренери на овие генерации, Горан Петрески и Игор Кралевски. Противник за нашите генерации ќе биде екипата на Работнички, а натпреварите започнуваат од 10 и 12 часот на теренот на академијата.

Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година се актуелен освојувач на регионалната лига, како и на купот на Македонија. Тие во новата сезона ќе бидат предводени од поранешниот играч на ФК Вардар, се работи за Горан Петрески или како што милуваат да го викаат популарниот “Чунга Лунга“ кој ќе го замени успешниот Томче Трајановски, кој освои двојна круна со оваа генерација. Вардар е фаворит на овој натпревар, а последните четири меѓусебни натпревари на овие две екипи ги доби Вардар и тоа минатата сезона, од кои два беа во лигата и два во националниот куп.

Игор Кралевски дебитира на клупата на Вардаровата генерација “2004“. Ова ќе биде поинакво искуство и голем предизвик за младиот стратег на клупата на оваа генерација. Кралевски претходно ги водеше генерациите родени “2005“ и “2006“ година, кои се натпреваруваат во детската лига. Оваа генерација на Вардар која минатата сезона ја освои детската лига под водство на Ане Андовски е драстично ослабена во новата сезона, поради заминување дури на шест играчи во академијата на ФФМ. Се работи за двајцата надежни голмани, Стефан Тасев и Васко Василев, потоа Марио Ричков, Огнен Здравковски и близнаците Марко и Матео Софијаноски. Сепак и во нивно отсуство, оваа екипа на црвено-црните има цели за високи достигнувања и за освојување на првото место на крајот од сезоната.