Friday ,18 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар – Мешков низ директен ТВ пренос
Вардар – Мешков низ директен ТВ пренос

Вардар – Мешков низ директен ТВ пренос

Денеска РК Вардар ќе го одигра и третиот натпревар од овогодинешната СЕХА – лига. Попладнево тимот на Гонзалез ќе го пречека секогаш незгодниот тим на Брест Мешков од Белорусија.

Овој натпревар Вардарци ќе го дочекаат на првата позиција на табелата со скор од две победи од исто толку натпревари, Брест по две одиграни кола има една победа и еден пораз, поразот го претрпеа од  Татран Прешов на гостински терен.

Овој натпревар сите љубители кои нема да бидат во сала ќе можат да го проследат низ директен пренос на МТВ-1.

17.45 (МТВ-1) ракомет СЕХА: ВАРДАР-МЕШКОВ БРЕСТ- (ком: З.ВИДЕВСКИ)