Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Поразот од Силекс мотив повеќе за добра игра и големи три бода
Поразот од Силекс мотив повеќе за добра игра и големи три бода

Поразот од Силекс мотив повеќе за добра игра и големи три бода

Како што е добро познато, в сабота на големиот христијански празник Велигден ФК Вардар ќе одигра нов натпревар во рамките на 30-сетото коло во ПМФЛ. Вардарци во оваа 2016 година имаат само еден пораз во македонскиот шампионат и тоа токму од саботниот противник кратовски Силекс. На тој натпревар пред три недели кој исто така се одигра на теренот во Кратово домашниот тим не совлада со резултат 3:2. Вардар головите ги постигна преку Грнчаров и Којашевиќ, а одлични шанси не искористија Ќеран преку пенал и Грозданоски кон крајот на натпреварот во последната минута.

Ова треба да биде уште поголем мотив за нашите играчи, в сабота да го остават срцето на терен и да слават толку посакувана победа која ќе не доближи на само половина чекор до нова, љубилејна десетта титула. Доколку го добиеме овој натпревар, тогаш на следните два, ќе ни недостасува уште само еден бод за теоретски да дојдеме до нова титула и излез на меѓународна сцена.