Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Девет играчи на РК Вардар 2 од следната сезона ќе настапуваат во супер лигата за Вардар Јуниор
Девет играчи на РК Вардар 2 од следната сезона ќе настапуваат во супер лигата за Вардар Јуниор

Девет играчи на РК Вардар 2 од следната сезона ќе настапуваат во супер лигата за Вардар Јуниор

Успешната сезона за екипата на РК Вардар 2 не помина незабележано кај раководните луѓе на клубот. Избраниците на Стојан Петрушевски се најголемото изненадување во рамките на првата ракометна лига, каде се наоѓаат на второто место на табелата. Вкупно 13 победи и 3 порази е билансот за Вардар 2, после 16 одиграни кола. Никола Кизиќ (голман), Никола Стојковски, Иван Димитровски (лево крило), Кристијан Анастасовски ( пикер), Мартин Димов (десно крило), Тоше Ончев, Дејан Кукуловски (лев бек), Александар Димовски (среден бек) и Стефан Трпчевски (десен бек) се ракометарите кои од следната сезона ќе настапуваат во најсилната супер лига за екипата на РК Вардар Јуниор, предводена од тренерот Пепи Манасков. Со сите нив е потпишан договор и се очекува да претставуваат големи засилувања за вториот тим на РК Вардар.

Ова значи голем напредок и чекор понапред во нивните играчки кариери. После одличните две сезони, каде најпрво станаа шампиони во младинската лига, а оваа сезона се надминаа себе си, дефинитивно секој од нив го заслужи овој потег на клубот. Денес РК Вардар 2 игра нов натпревар против екипата на Метрополис. Натпреварот ќе започне од 18:30 часот во спортскиот ракометен центар Кале.