Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвено-црните отпатуваа за Веспрем
Црвено-црните отпатуваа за Веспрем

Црвено-црните отпатуваа за Веспрем

Нашиот ракометен шампион замина за Унгарија, каде во сабота со почеток од 17:30 часот ќе го одигра реванш натпреварот од четвртфиналето во ЛШ, против екипата на Веспрем. Вардарци отпатуваа со директен лет за Виена, а од таму со автобус до Веспрем.

vardarfans

Постои оптимизам во нашите редови дека може да се анулираат оние три гола негатива од Скопје и да се направи изненадување, против “фаворизираниот“ тим на Веспрем. Во Унгарија отпатуваа 17 ракометари, меѓу нив е и Филип Лазаров, кој по подолго време се враќа на терените да и помогне на својата екипа.